Полесно до работа во Германија?

Полесно до работа во Германија?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Квалификувана наместо помошна работна сила. Оваа промена на статусот би можела да стане реалност за странците во Германија.


Фирмата „Рандшад“ се занимава со изнајмување и посредување во наоѓањето потребна работна сила во Германија. Околу 50.000 работници во Германија се со договор во оваа фирма, а околу 45% од нив се помошни работници. Фирмата нема преглед за дипломите кои ги поседуваат нивните работници.

Работите се промениле во поново време. Сега, на првиот разговор во фирмата се дискутира за квалификациите и компетенциите кои ги имаат пријавените кандидати. Доколку постои можноста, кандидатите ги собираат сите документи и започнува процесот за признавање на дипломата, а фирмата ги покрива сите трошоци.

Ова не е единствената фирма која ги поддржува работниците во овој процес. Тука е и фирмата „Horst bus elektrotehnik gmbh“ од Хамбург, која веќе го платила процесот на признавање на дипломите за тројца работници од Велика Британија, Полска и Бугарија.


Признавањето на дипломата се исплати

Во еден извештај на германскиот Сојузен институт за образование и наука се наведува дека клиниките и старечките домови во Германија ги испраќаат кандидатите за работа на советување за признавање на факултетската диплома која ја поседуваат.

Дојче веле“ пишува дека тешко е да се каже дали во секој случај се исплати вложувањето неколку стотини евра за процедурата на признавање на диплома. Сепак, истражување покажува дека приходите на вработените во Германија се зголемуваат за околу четвртина по стекнувањето диплома. Дури и делумното признавање на квалификациите може да има позитивен ефект.

Згора на тоа, германската влада до 2018 година има план да ги зголеми средствата кои се издаваат за советување, курсеви за учење јазик и доквалификација на странските работници.