Шведска најави ограничувања во барањата за азил

Шведска најави ограничувања во барањата за азил

Подготвил: Драгана Петрушевска

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен изјавил дека досегашниот режим за азил се сведува на минимум и поголемиот дел од бегалците од април идната година ќе добиваат само привремени дозволи за престој. По големиот прилив на илјадниците бегалци кои доаѓаат во Шведска, земјата известува дека ѝ е потребен „одмор“.


Имено, шведската влада најави нови мерки за одбивање на барањата за азил и силна промена во политиката на „отворени врати“ кон бегалците и мигрантите кои бегаат во таа земја.

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, завчера изјавил дека досегашниот режим за азил ќе се сведе на минимум и дека повеќето од бегалците од април наредната година ќе добијат само привремени дозволи за престој. Се воведуваат и проверки на идентитет во сите форми на превоз, а правото на барање за азил ќе се ограничи.

„Привремено го менуваме шведскиот закон за повеќе луѓе да одлучат да бараат азил во други земји. Нам ни треба одмор.“, изјави Лофвен.

Тој додаде дека му е жал што Шведска не е во можност да прими повеќе бегалци како досега.

Инаку, се претпоставува дека до крајот на годината во Шведска би можело да пристигнат вкупно 190.000 бегалци.