Џонсон Мети вработува! Проверете дали ги исполнувате условите

Џонсон Мети вработува! Проверете дали ги исполнувате условите

Реф.бр. 2015068

Оглас за работа:
Техничар во одржување

( Maintenance Technician )
Локација: ECT Macedonia


Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Техничар во одржување ( Maintenance Technician) кој ќе му се придружи на нашиот тим за Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Главни одговорорности :

Прием, подготовка и анализа на примероци од одделите за Производство и Осигурување на Одржување на опремата од погонот за производство и останатата опрема која што го подржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
Извршување на сите доделени обврски правилно, во договорената временска рамка, со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа
Справување со машински дефекти, инсталации и превентивно одржување
Асистирање во одржувањето на сите системи во рамките на фабриката
Придонес за развој на одделот со иницирање на идеи за подобрување на ефикасноста/продуктивноста и безбедноста во сите работни области
Специфицирање на резервни делови за машинеријата во фабриката
Можност за стекнување на знаења од областа на машинството во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?

Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Дипломиран машински инженер) би било предност
Пожелно е професионално искуство во оддел за машинско одржување
Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, горилници и котли, одржување на мотори, пумпи, вентили, транспортери, печки
Способност за независно работење, ефикасно решавање проблеми под притисок со зададени рокови
Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет

Позицијата подразбира работа во смени и долготрен престој во погонскиот дел од фабриката.

Краен рок за аплицирање : 06 Декември 2015

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com како MS Word и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување