Писмо до мојата Драга

Писмо до мојата Драга


Не сакам да те именувам, да не те навредам, а знам дека кога ќе го прочиташ ова ќе знаеш дека го упатувам ова кон тебе. Сакам да знаеш некои работи како функционираат во овој наш свет. Сакам да ти го пренесам искуството во животов што сум го имал (иако имам 23 години). Не е којзнае колкаво, но мислам дека е доволно да сфатиш некои работи.

1. Секогаш луѓето ќе те сакаат поради убавината, а не поради интелигенцијата.
Мора да сфатиш дека НИЕ (машките) сме говеда кои сакаме само да стигнеме до меѓуножјето на една девојка на најлесен начин. Ние не сакаме девојка уште од првиот пат кога ќе ја видиме, да ја жениме. Прво мора да те запознаат каква си, што си, и од каде си? Секое машко во светов функционира како животно. Сака да ја имресионира својата девојка, или девојката која ја има намерачено, но не ОДМА да ја ожени, просто и едноставно само да и влезе во гаќи. Кога станува во прашање интелигенцијата на жената, ние тоа го приметуваме од кога веќе ќе ви влеземе во гаќи, и тогаш вистински ве засакуваме, за тоа што вредиш ти најмногу.

2. За да опстанеш во овој “Машки” свет, мора да се бориш како МАЖ а не како девојче.
Светов е една голема лага. Живееме опседнати од интернет, социјални мрежи, и кој што ќе каже и колку лајкови ќе добие на слика. Мора да сфатиш дека живееш во свет кој што не изгледа така како што мислиш. За да се бориш во животов, мора да се откажеш од одредени работи. Знам се откажа од мене, и ред други момци кои константо ти пишуваа, лајкуваа и коментираа на сликите, но не сме само ние тие луѓе кои те опкружуваат. Мора да се откажеш и од фамилијата која толку многу ја почитуваш и сакаш. Мора да се бориш со сета моќ (а тоа е твојот интелектуален капацитет) за да можеш да опстанеш. И немој да се деградираш и нервираш ако некоја твоја “другарка” спиела со газдата на одредена фирма за да ја добие работата. Така функционираме ние машките, а и жените. Лајф ис а битч мора да сфатиш, ако не ти е јасно нешто врати се на претходниот чекор.

3. Секогаш ќе постојат машки проститутки кои ќе те сакаат ради парите.
Никогаш не се заљубувај во луѓе кои не се од твоја лига. Односно во луѓе кои постојано ќе те цицаат од твоите ресурси (пари, убавината на твоето тело, интелектуален капацитет за да постигне поголем статус во општеството). Мора да сфатиш дека како што постојат женски спонзоруши, има и машки кои ќе направат се само да се вдомат кај некоја. Знам убава девојка си но има машки кои не се во твоја лига да ги имаш. И верувај постојат мажи кои имаат пројдено многу повеќе од тебе и знаат дали вредиш за нив или не. Немој да мислиш дека градите твои се најголемото оружје (иако знам дека никогаш ги немаш покажано во прв план, гледај и така да остане).

4. Секогаш ќе бидеш нарекувана проститутка ако си успешна.
Живееме во свет кој е доминантен од мажи. Отвори листа на топ 10 најбогати луѓе во свет, и ќе видиш дека ако не 100%, еве да речеме 80% се мажи. Ти напоменав погоре дека треба да се бориш како маж и тоа буквално го мислам. Бори се за да бидеш нарекувана Госпоѓа, а не проститутка, но мора да сватиш дека кога ќе имаш доволно моќ, луѓето се идиоти и ќе те сметаат за проститутка дека си спиела со одредени мажи за да стигнеш до тоа ниво (нарекувана Госпоѓа). Ние (поготово Балканов наш драг) сме идиоти кои не сметаме дека жените се доволно способни да водат бизнис или да бидат облечени во одредена културна униформа и да изгледаат деловно. Навикнати сме да ги гледаме жените како готват и чуваат деца (идиоти што да ти кажам). Знам дека имаш капацитет да бидеш голем човек во светов, не само на Балканов. И те молам да си ја пробаш среќата во Србија (од каде што потекнуваш), а ако не иде, секогаш е тука Западот и Истокот.

5. Секогаш учи од најдобрите.
Ова е последна лекција која сакам да је почитуваш најмногу. Учи додека си жива, учи додека можеш да учиш, за после кога нема да бидеш способна да учиш, цело тоа знаење да го пренесеш на општеството. Но секогаш учи од најдобрите, не од приучени професори кои завршиле по приватни универзитети на Балканов. Дружи се со најдобрите, читај од најчитаните и не заборавај, љуби го оној кој најмногу го сакаш и те почитува. Бидејќи без љубов, нема напредок и никогаш нема да го постигнеш она што си го посакувала. Љуби ги сите оние кои те сакаат и кои ти завидуваат. Знаеш дека Исламот не научил да љубиме, но тоа исто така можеш да го најдеш и во Библијата, и во Источните мали религии.

Ти посакувам се најдобро во животов, и ова ти е најголемиот подарок за роденден некој што може да ти го даде. Знаењето на мојот млад живот. Никогаш не ме заборавај, и да знаеш дека секогаш сум тука за да ти кажам по некој мудар и смешен збор.

Среќен роденден Драга.

Твоето Џанче Беко.


Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.