Предупредувачки радар кој им помага на велосипедистите при опасност

Предупредувачки радар кој им помага на велосипедистите при опасност

Подготвил: Тамара Гроздановски

Радарот наречен „Varia Rearview Radar“ им помага на велосипедистите со тоа што ги известува кога до нив се приближува автомобил.

 

1


Возењето на велосипед без велосипедски патеки е страшно и опасно, меѓутоа ова е суровата реалност со која голем број луѓе се соочуваат во секојдневниот живот.

Но, за да им го олесни возењето, и да ги заштити од опасности, компанијата „Garmin“ создаде едноставен но ефективен метод за велосипедистите да добиваат предупредување доколку им се приближува автомобил позади нив.

Овој радар ги известува велосипедистите дека е забележан автомобил на далечина до 140 метри.

Оваа информација е испратена до екранот на радарот кој се поставува на рачките на велосипедот, и користи LED светло за да го покаже растојанието меѓу велосипедистот и до осум автомобили кои се приближуваат.

 

2


Како што се приближуваат возилата, LED светлото се движи нагоре на радарот и ја менува бојата за да го покаже нивото на опасност на велосипедистот - зелената боја покажува дека не постои никаква опасност,  портокаловата боја е за претпазливост и црвената боја е за опасност.

Интересно и импресивно е тоа што уредот може да разликува возила кои се движат и возила кои се паркирани, со што велосипедистите се поштедени од непотребна паника.

Производот се продава за 389 долари - добра инвестиција со оглед на тоа што ќе имате мир додека возите и нема постојано да бидете под стрес.