Македонските ученици присуствуваа на серија образовни работилници организирани од Американскиот Колеџ во Солун

Македонските ученици присуствуваа на серија образовни работилници организирани од Американскиот Колеџ во Солун

Подготвил: Aнтонија Поповска-Христов

Американскиот колеџ во Солун, неодамна организираше две работилници во хотелот „Квинс", на кои македонски средношколци учеа како се создаваат мобилни апликации со App Inventor - новата алатка за визуелно програмирање развиена од Гугл и техники на рекламирање и промоција на социјалните мрежи.



Овие работилници, кои го привлекоа вниманието на нашите ученици, ги водеа професори и менаџери од овој успешен универзитет. Првата работилница беше на тема: Создавање на мобилни апликации со App Inventor for Android (AIA), која всушност е нова алатка за визуелно програмирање развиена од Гугл, со која лицата кои не се програмери по професија можат сами да создаваат едноставни апликации за мобилни телефони поддржани со Андроид софтвер. Втората работичница која се одржа беше на тема: Рекламирање и промовирање преку социјалните медиуми - Научете како да бидете успешни и да ги избегнете секојдневните замки на социјалните медиуми. Овие медиуми се многу модерни, но дали се секогаш потребни? Дали вие знаете да ги користите?

Работилниците ги следеа ученици од училиштата за средно образование „Арсениј Јовков”, „Јосип Броз Тито”, „Раде Јовчевски Корчагин”, „Јаха Кемал“ и други. Инаку како што информираа од раководството на институцијата, на овој колеџ во моментов студираат околу 35 студенти од Македонија.

Манолис Maу, долгогодишен професор по математика на Американскиот Колеџ во Солун за „Факултети.мк” вели дека целта на овие настани е да ги запознаат средношколците со новите технологии и преку самите работлници да се долови интерактивниот начин на кој што се одвиваат предавањата во Колеџот.

- Учениците прават андроид апликации кои се многу лесни за користење. Тие имаат множност преку овие работилници да научат како се прави тоа, а ние секако сме овде да им помогнеме. Инаку јас како професор 10 години имам работено во Америка и веќе 16 години предавам во Грција - вели професорот Мау.



Теодор Папанесторос, маркетинг-директорот на Американскиот Колеџ во Солун, информира дека ова е втора година по ред да се одржува ваков настан во Македонија.

- Имаме доста добри студенти кои студираат на нашиот колеџ. Сметам дека во претходното ниво на образование, еден дел од нив не стекнуваат доволно вештини, но затоа кога доаѓаат кај нас, ние го детектираме потенцијалот во секој од нив - изјави Папанесторос, кој им одржа многу интересно предавање на студентите за техниките на рекламирање на социјалните мрежи како Facebook, Twitter, Instagram и други.

Работилницата се состоеше од два дела. Првиот дел се состоеше од презентирање на различните техники за промоција според социјаната мрежа на кој што се врши рекламирање, а вториот дел беше практичен каде што учениците формираа тимови во кој што разработија техники на рекламирање на одредени производи и потоа ги презентираа. Меѓудругото, во текот на предавањето тој на учениците им рече дека ако Фејсбук беше држава, ќе беше трета по големина во светот, со што стави голем акцент на моќта на социјалните медиуми.

На работилниците присуствуваше и Тарек Куатли, директор за регрутација на нови студенти, кој ни посочи дека целта на овие работилници и да се допринесе и збогати знаењето на учениците и затоа ваквите настани ќе продолжат и во иднина.

Најважно од се`, е дека учениците кои присуствуваа на двете работилници си заминаа со насмевка и збогатено знаење на темите кои што се разработуваа.

Инаку Американскиот Колеџ во Солун постои од далечната 1886 година. На оваа високообразовна институција во моментов студираат околу 50 отсто студенти од Грција, а остатокот се интернационални студенти од околу 30 држави во светот.


Aнтонија Поповска-Христов
antonija@fakulteti.mk