Аутизмот - можеби не е она што докторите ни го кажуваат

Аутизмот - можеби не е она што докторите ни го кажуваат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Почувствував како солзата ми е на врвот на окото. Како што седевме на подот, моето 3 годишно момче со аутизам ме погледна директно во моите очи, нешто што не го направил скоро една година.

 

deca


Уште повеќе, тој ми се насмевнуваше и беше смирен. Се чинеше како да ужива во моментот. Не беше во неговата вообичаена „магла“. Постоеше јасност на неговото лице, како да вели: „Тука сум тато. Со тебе сум“. Не знаев што да правам во тој момент. Едноставно седев. „Што по ѓаволите се случува“, се прашував во себе. Почнав да се сомневам дека е поврзано со антибиотиците кои ги примаше, меѓутоа тоа немаше смисла со оглед на тоа што ни беше кажано за аутизмот.

Нашиот син имаше неочекувано, брзо и динамично подобрување од неговите аутистични симптоми додека ги земаше антибиотиците препишани за неговата инфекција на грлото.

Почнувајќи од четвртиот ден од преостанатите 10 дена, ние видовме големи подобрувања во повеќе области: говор, расположение, контакт со очите, ниво на енергија дури и неговите моторни вештини.

Еден од класичните знаци на аутизам е одложување на говорот, а нашиот син беше исклучок. Тој ретко зборуваше, и типично одговоараше на прашања со одговори кои сочинуваа само еден збор. Тој денес зборуваше и ги кажуваше речениците исклучително добро. Имаше доста ентузијастичка енергија, некарактеристична за него. Секој дополнителен ден кога тој беше на амоксицилин донесуваше се` поголеми подобрувања. На шестиот ден тој направи нешто извонредно; возеше трицикл, нешто што не можеше да го направи.

Видовме минливи подобрувања во неговата состојба пред да има треска, меѓутоа овој пат треската веќе ја немаше неколку дена, а ние воопшто немавме видено подобрувања од ваква големина.

Дали навистина гледавме подобрувања? Родителите се многу свесни за промените на своите деца, но меморијата може да биде неверодостојна - токму затоа јас користев прилагоден софтвер со кој можев да ги следам промените на над 20 симптоми на аутизам кај моето дете на дневна основа, виртуелно, уште од моментот кога му беше дијагностициран аутизмот. Се чувствувавме доста сигурно кога забележавме драматично подобрување. Но, прашањето кое се појавуваше повторно и повторно, беше: „Зошто?“

После првите инциденти на подобрување поврзани со треската, се вратив на читање на литература, кадешто пронајдов еден труд од Џонс Хопкинс од 2007 година кој го документираше присуството на „треска ефектот“ кај некои деца со аутизам. Проценките се дека околу 30% од 80% од децата со аутизам имаат подобрувања во некои од нивните симптоми додека имале треска. Дали постои „антибиотик ефект“ и кај некои деца?

Се вратив на медицинската литература. Најдов труд објавен во 2000 година кој документирал клиничко тестирање во Чикаго Раш детската болница кадешто 8 од 10 млади деца со тежок аутизам искусиле значителни подобрувања во нивниот аутизам кога им бил даден антибиотикот внкомицин.

Од другите родители на деца со аутизам дознавме дека и тие го доживеале истиот ефект кој го предизивкуваат антибиотиците. Тогаш зошто истражувањето останало недопрено 15 години?

Кога на нашиот син му беше дијагностициран аутизам, како и на многу родители, докторите ни рекоја: „Не знаеме што го предизвикува. Немаме лек или терапија за него“.

Од тој состанок и уште неколку состаноци со невролозите и педијатрите ние бевме доведени до ситуација да мислиме дека однесувањето кое го гледаме кај нашите деца беше нешто кое било управувано од гените. Со други зборови, нашиот син бил „врзан во мозокот“ да биде аутистичен. Но ако е таков случајот, зошто симптомите се подобруваат кога има температура? Зошто постојат драматични подобрувања кога децата примаат антибиотик? И зошто толку многу родители пријавиле подобрувања од промената на исхраната кај детето? Овие извештаи и клинички истражувања се чини дека некако не одговараат со тоа дека нашиот син е „врзан“.

Нешто друго се чинеше невообичаено: ако аутизмот бил фундаментално управуван од генетиката, зошто зачестеноста расте толку брзо? На гените им се потребни илјадници години за да се развијат.

Виртуелно, целото финансирање на медицинските истражувања за аутизмот се базирани на тоа дека децата се „врзани“ да бидат аутистични. Сепак, постои нов поглед кон аутизмот како стекнат метаболички (биохемиски) синдром во кој имунолошкиот систем и микробиомот (првенствено стомачните бактерии) најверојатно играат улога. Од оваа перспектива, подобрувањата кои ние ги видовме имаат поголема смисла.

Речиси секојдневно читаме за новите истражувања кои покажуваат колку е важна улогата на микробиомот во здравјето и болестите - од изненадувачките откритија дека стомачните бактерии се одговорни за чир на желудникот, до неодамна вмешаните улоги во развојот на алергии од храна и дури потенцијално дијабетес.

Дали конвенционалното гледиште кон аутизмот како гени>поврзување>однесување е веќе застарено?

Поради недостатокот на средства за истражување врз основа на овој нов поглед на аутизмот како комплексен метаболички синдром, ја формирав непрофитабилната организација „N of One:Autism Research Foundation“. Моментално сме фокусирани на истражувањето кое се заснова на ставот дека аутизмот кај децата не е предизвикан од „врзувањето на одредени жички во мозокот“.

Верувам дека сме на работ на промена на парадигма во аутизмот. Новото гледиште вели дека иако постојат некои генетски фактори кои се доста важни, основната состојба произлегува од надворешно-индуцирани промени во метаболизмот, имонулошката функција и микробиомот. Затоа е потребно да ги пронајдеме одговорите. Нашите деца заслужуваат подобри одговори.