Конкурс за најдобро решение на бизнис проблем за студенти од Пелагонискиот регион

Конкурс за најдобро решение на бизнис проблем за студенти од Пелагонискиот регион



Драги студенти од Пелагонискиот регион,

Проектот Моја идеја! Мој бизнис!, кој што е фокусиран на поттикнување на претприемништвото и на претприемничкиот дух, распишува конкурс за најдобро Предлог решение на зададен бизнис проблем.

Конкурсот е отворен за сите студенти на додипломски студии кои живеат и студираат во Пелагонискиот регион или потекнуваат од Регионот, но во моментов се на студии на друга локација во Македонија.

Сите оние кои ги исполнуваат условите за учество и се заинтересирани да учествуваат на овој натпревар, треба да го изразат својот интерес со испраќање на e-mail до atrpovska@ceed-macedonia.org, по што ќе добијат апликација во која ќе биде содржан и бизнис проблемот.

Пополнетата апликација со сите потребни податоци и предложеното решение, ќе треба да ја испратат на наведената електронска пошта, најдоцна до 15-ти декември, 2015-та година.

Најдобрите пет решенија ќе добијат еднократна и неповратна парична поддршка од по 500 УСА долари поединечно, која ќе треба да ја искористат во насока на комплетирање на своето образование или доусовршување.

Аплицирајте, предложете свое решение и добијте финансиска поддршка!