Стипендии во вредност до 80.000,00 денари за македонските студенти
Министерството за образование и наука информира дека во
тек е конкурс за доделување на 6 стипендии за млади истражувачи
од Република Македонија, за кратки студиски престои (од 1 до 3
месеци) на соодветни високо образовни и научно - истражувачки
институции во Велика Британија, за 2016 година.
Средствата кои ги покриваат трошоците за сместување и
исхрана, ги обезбедува Британскиот фонд за стипендии и истите
изнесуваат 915 фунти месечно за престој во Лондон, односно 800
фунти месечно за престој во другите градови.
Сите подетални информации за условите, критериумите,
потребните документи и обрасци за аплицирање, може да се најдат
на специјализираниот интернет портал за стипендии на
Министерството за образование и наука на Република Македонија
www.stipendii.mon.gov.mk, како и на интернет страницата на
Британскиот фонд за стипендии
www.britishscholarshiptrust.org.
Апликациите се поднесуваат до Министерството за
образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000
Скопје, Сектор за наука и технолошки развој, а крајниот рок за
аплицирање е 31 март 2016 година.