Како различните култури гледаат на воспитувањето на децата?

Како различните култури гледаат на воспитувањето на децата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Постои ли еден „вистински“ начин за да се одгледува дете? Колку начинот на воспитување е одреден од нашата култура? Како начините на воспитување ја покажуваат суштината за нас, како нација? Ова се некои од прашањата кои ги поставува Џенифер Сенијор, автор на книгата „All joy and no fun: The paradox of modern parenthood“. Во книгата Сенијор открива начини на кои општеството во кое живееме влијае на начинот на кој се одгледуваат децата.


Така, Американците најмногу учат за родителството од пријатели, книги и интернет-страници. Тие ги преферираат најновите стратегии за воспитување на деца за подобро да ги подготват децата за успех во иднината.

Во Норвешка, детството е институционализирано. Повеќето од децата се на целодневна грижа финансирана од државата. Норвежаните сметаат дека за децата е подобро да бидат на целодневна грижа уште додека се бебиња. Таму, нормално е децата да спијат надвор, на свеж воздух, дури и кога е студено.

Во Јапонија, децата работат на домашните обврски уште на 7-годишна возраст. Тие користат метро и одат по улица сами.

Во скандинавските земји се фокусира кон демократска врска меѓу родителите и децата. Во Шведска, правата на децата се битни. На пример, детето има право да спие во кревет со родителот кога ќе посака.

Спиењето со друг член на семејството до доцна во детството е често во делови од Азија. Корејските родители трошат повеќе време држејќи ги нивните бебиња и имајќи физички контакт. Но, во семејството, послушноста е најбитна, не демократијата.

Според еврејската традиција, детето се воспитува за да ги напушти родителите. Тие мора да бидат подготвени за предизвици. Од друга страна, родителите во САД и азиските нации повеќе се фокусираат на поттикнување академски резултат.

Холандските родители веруваат во помалку форсирање на своите деца. Највисоки приоритети за нив се редовниот одмор, храната и пријатната околина.

Во Шпанија, семејствата се фокусирани на социјалните и меѓусебните аспекти на развојот на детето и таму би биле шокирани доколку детето им легнува во 18:30 часот и спие до следниот ден наместо да се дружи и да биде дел од семејниот живот.