Какво време да очекуваме во текот на оваа недела?

Какво време да очекуваме во текот на оваа недела?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла која ќе услови намалена видливост и под 50 метри. Понекаде маглата ќе се заджи и во текот на целиот ден. Во останатите предели ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -4 до 2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 9 односно до 17 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно магловито. Во попладневните часови постојат услови за кратки сончеви периоди. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 8 степени.

Во Македонија следните 2 дена ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и ветровито. Во котлините ќе има појава на магла во утринските и вечерните часови. Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 14 степени. Умерено облачно време со сончеви периоди не очекува во четврток. Дневните температури во опаѓање и ќе се движат од 4 до 12 степени.

Weather4all.com.mk