Ново Лого - Нови пријателства: Искористете ја креативноста и освојте престиж и награда

Ново Лого - Нови пријателства: Искористете ја креативноста и освојте престиж и награда



Логото на компаниите е нешто по кое тие се препознатливи во светот. Можноста нечија креативна идеја да биде лого на некоја позната компанија е сон на секој оној кој што се занимава со графички дизајн, но и уметник чие дело сака да биде симбол или икона на заштитена марка односно бренд. Логото е еден од аспеките на брендирањето на одредена компанија или ентитет, па поради тоа можноста да се креира лого е престиж.

Olympia Motors, овластен дистрибутер за автомобилските брендови Opel и Chevrolet, ве предизвикува да го смислите и изработите новото лого, а трите избрани решенија ќе добијат награди.

Слоганот на кампањата “Ново Лого – Нови Пријателства” ја иницира креативност кај секој оној кој сака да го прифати предизвикот и да создаде ново лого за македонската позната компанија.

Правила на предизвикот: Логото, во форма кратка или долга, или пак двете верзии, треба да се испратат на мејлот на Olympia Motors: logo@olympiamotors.com.mk од 7-ми до 17-ти декември. Сите логоа кои ќе бидат пратени на мејлот ќе се објават на фан страната на Olympia Motors, на Facebook - https://www.facebook.com/Olympia-Motors- 184172391664621/?pnref=lhc.

Во периодот од почетокот до крајот на предизвикот сите оние што изработиле и испратиле логоа, на Facebook ќе собираат лајкови на своите предлози. На 17-ти декември завршува предизвикот и комисија составена од претставник на Olympia Motors, дизајнер и уметник ќе ги оценат најлајкуваните логоа. Уметникот во комисијата ќе има за задача да ја раскаже приказната на логото низ својата призма, односно ќе го оцени уметничкиот аспект на логото. Дизајнерот ќе го критикува и оцени дизајнот на логото. Во зависност од оцената дадена од жири комисијата и бројот на лајкови, ќе биде избран победникот, на принцип на одлучување 50% - 50%. Исто така ќе се одбере и второ и трето место. Она лого кое ќе го добие првото место ќе биде новиот заштитен знак, односно новото лого на компанијата Olympia Motors. Покрај тоа што логото на добитникот на прво место ќе биде искористено како ново заштитно лого на компанијата, добитникот ќе добие и подарок таблет. Добитникот на втора награда т.е. второ место како награда ќе добие тест возење со Opel Astra и полн резервоар. Трета награда е iPod nano mp3 player.

Добитниците ќе бидат прогласени на 18-ти декември во Сити Мол, на штандот со возила на Olympia Motors каде ќе биде презентирана најновата Opel Astra.