Временска прогноза за денес и какво време да очекуваме во наредните денови?

Временска прогноза за денес и какво време да очекуваме во наредните денови?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла по котлините каде ќе услови намалена видливост и помала од 50 метри. Маглата и ниската облачност по котлините, претежно во централните и источните предели ќе се заджи и претпладне, а попладне можни се повремени сончеви периоди. Во западните и југоисточните предели ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност. Утринските температури од -5 до 2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ќе услови намалена видливост и помала од 50 метри. Маглата ќе се задржи во поголем дел од денот, а сончеви периоди можни се во попладневните часови. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 6.

Во Македонија во среда во утринските часови појава на магла и ниска облачност која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот претежно сончево со температура до 5 односно до 14 степени. Во четврток и петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Во сабота намалување на облачноста и ќе провладува претежно сончево време со локална облачност и дневни температури кои ќе се движат од 4 до 13 степени.

Weather4all.com.mk