Робот кој може да им помогне на парализираните повторно да се движат

Робот кој може да им помогне на парализираните повторно да се движат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Вашето тело и вашиот мозок функционираат беспрекорно еден со друг. Вие одлучувате кога сакате да го движите палецот, и една секунда подоцна, палецот се движи.

 

robot


Но, дури и едно едноставно движење на прстот не е лесно за парализираните луѓе. Токму затоа Мигел Николелис, невро-инженер на Универзитетот Дјук, развива ексоскелетони кои ги претвораат електричните сигнали од мозокот на носителот во механички инструкции. Во суштина, роботски костуми кои се контролирани со мозокот.

Секоја мисла во вашиот мозок е збир на отпуштање на неврони - она што Николелис го нарекува „бура на идеи“. Лабораторијата на Николелис започнала како мал експеримент, искористувајќи ја менталната моќ на мајмуните и стаорците. Сега, откако сфати како се` функционира, Никола им дава костуми на параплегичари. Костумите ги читаат мислите и намерите на пациентите со ЕЕG капи и соодветно се движат.

Ова е одлично, со оглед на тоа што костумите можат да им помогнат на парализираните пациенти да повратат некоја независност и помалку да се чувствуваат беспомошно.

„Откако мозокот ќе „излезе“ од физичките граници на телото, тогаш границата е имагинацијата“, вели Николелис.