Што учениците низ светот не сакаат да бидат кога ќе пораснат?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Кој сака да стане наставник? Како што покажува извештај на „PISA in focus“, во многу земји, оваа професија не е толку атрактивен избор на кариера, особено меѓу момчињата и најуспешните ученици. ПИСА спроведе истражување во 60 земји за професијата која сакаат да ја имаат сегашните ученици.
Приближно 44% од 15-годишниците во земјите изјавиле дека очекуваат да работат на места со висок статус кои бараат универзитетска диплома, но само 5% од нив изјавиле дека сакаат да работат како наставници. Во случајот на оние ученици кои изјавиле дека сакаат да станат наставници, поголелм дел од нив се девојчиња.
Најчесто, мал е бројот на ученици со добри оцени во мајчин јазик и математика кои сакаат да станат наставници. На пример, во Аргентина, Австралија, Израел, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Полска, Португалија и Турција, учениците кои сакаат да станат наставници имаат генерално послаби оцени отколку учениците кои изјавиле дека сакаат да бидат нешто друго.
Инаку, друго
истражување во 2012 година открило дека во многу земји, наставниците се помалку писмени и имаат послаби математички вештини отколку индивидуалците кои работат во други професии. Според истото истражување, Јапонија ги има највештите наставници кога станува збор за математиката.