Зошто луѓето кои патуваат се поуспешни?

Зошто луѓето кои патуваат се поуспешни?

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега.“ 

Сите сакаме одмор и ја користиме можноста за да патуваме некаде. Но, има еден тип луѓе кои ја користат секоја можност за да патуваат. Од „Лајфхек“ велат дека овие луѓе често се поуспешни поради неколку причини.


Тие се слободоумни

Луѓето кои работат во канцеларија се согласуваат дека подобро може да се фокусираат по враќање од одмор. Тие се поамбициозни и поотворени за промени, но и попозитивни.

Тие шират познанства

Кога посетувате друга земја за конференција, работилница или било што друго, неизбежно е да запознавате луѓе од различни сфери и места од светот. Овие луѓе потоа остануваат во вашите листи на контакти.

Добри се за организирање

Кога планирате да патувате во друга држава, без разлика дали патувате сами, со семејство или пријатели, треба да мислите на многу нешта - пасош, различна валута, сместување, активности, храна, грижа за сопатник итн. Кога ќе се вратите во канцеларијата, вашите задачи сигурно ќе бидат полесни за завршување.

Тие знаат многу за другите култури

Кога патувате, вашите очи се отворени за примање на други култури. Така разбирате дека луѓето се соочуваат со животните ситуации различно, а некои од странските навики може да ги применувате во вашиот живот за поголема ефикасност.

Подобро се социјализираат

Патувањето значи и учење за различните култури, јазици итн. Овие различни култури, јазици, општества помагаат во совладувањето на социјалните предизвици во кариерата.

Тие започнуваат од нула по секое патување

Што се случува кога ќе се закочи некој електронски уред? Го исклучувате и вклучувате одново и започнува да работи. На сличен начин функционираат и нашите мозоци. Најдобар начин да се обнови моќта на мозокот понекогаш е паузата. Патувањето е совршена терапија.