Апликација која овозможува програмирање на се` околу вас

Апликација која овозможува програмирање на се` околу вас

Подготвил: Драгана Петрушевска

Најголемите експерти во областа на технологијата денес се обидуваат да го направат секој предмет околу нас лесен за програмирање. Но, нашите телефони сè уште не се доволно добри за тоа. Тие не комуницираат меѓусебно автоматски. Резултатот од тригодишна работа во лабораторија на Технолошкиот институт во Масачусетс ќе ги елиминира овие потешкотии.


Се работи за апликација која овозможува поврзување на паметни предмети околу вас само со цртање линија меѓу нив.

Замислете дека имате паметен термостат и сакате да ја покачите температурата кога станувате од креветот наутро. Да речеме дека имате и паметен кревет. Со апликацијата би можеле да ја контролирате темпераратурата во просторијата во однос на тоа дали се наоѓате на креветот или не со само едно движење на прстот. Немаме паметни кревети, но апликацијата е тука за да го промени и тоа.


„Замислете иднина во која сè околу вас може да биде контролирано“, изјави Валентин Хон од институтот.

Оваа апликација може да овозможи таква контрола врз светот околу себе. Апликацијата веќе е достапна за преземање.