Универзитетот во Калифорнија ќе инвестира 250 милиони долари во стартап-компании

Универзитетот во Калифорнија ќе инвестира 250 милиони долари во стартап-компании

Подготвил: Драгана Петрушевска


Универзитетот во Калифорнија најави издвојување фонд од 250 милиони долари за инвестирање во стартап-компании кои се развиваат од системот на универзитетот. Фондот ќе се фокусира на студентите, професорите и алумните од 10-те факултети при универзитетот, а особено ќе се цели кон компаниите во областа на животните науки, технологијата, енергијата, агрикултурата и материјалите.

Инвестирањето ќе го води Вивек Ранадив, претприемач и сопственик на „Сакраменто кингс“.

„Едвај чекам да започнеме со поддржување на колегите претприемачи и растечките иновативни и вредносни компании со мисија за напредување на нашето општество и правење на светот подобро место“, изјави Ранадив во изјава.

Универзитетот во Калифорнија има кампуси насекаде низ сојузната држава, а во рамки на институцијата се наоѓаат врвни факултети како „Беркли“. На овој универзитет му биле доделени повеќе патенти од било кој друг во светот, а тој има над 30 акцелератори и инкубатори.

Од 1980 година биле основани над 800 стартап-компании. Финансиите за фондот се земаат од канцеларијата за инвестиции на универзитетот, а не користи ари од школарините или државата.