Совршена метода како да завиткате подарок

Совршена метода како да завиткате подарок

Подготвил: Тамара Гроздановски

Дали и вие спаѓате меѓу оние луѓе кои се прилично неуредни кога завиткуваат подароци? Доколку одговорот е да, не се грижете, јасно е колку сета таа активност знае да биде фрустрирачка.

 

подарок


Дури и ако сте внимателни и добри во моделирање, секогаш постои проблем каков вид на хартија да изберете - обичен, креп хартија, целофан, а потоа треба да се зацрсти со панделка или селотејп, да се спојат краевите и така натаму.

На видеото подолу можете да погледнете начин кој ќе ви го олесни виткањето на подароците и ќе ви реши многу дилеми. Видеото е направено од математичарката Кејти Стеклс која со пресметка дошла до совршениот метод за завиткување на подароци.

Сепак, имајте на ум дека и за оваа метода потребна е одредена подготовка и вежбање.