Жителите на Бирмингам добиваа бесплатни подароци за Божиќ

Жителите на Бирмингам добиваа бесплатни подароци за Божиќ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Жителите на Бирмингам биле изненадени изминатата недела кога започнале да добиваат бесплатни подароци од непознати луѓе во Централната станица во градот. Меѓународните телевизии „Christmas 24“ на „NBC Universal“ го организирале подарувањето како дел од експеримент.


Имено, бил поставен знак „Бесплатни подароци“ во станицата. Оние коишто одлучиле да добијат подарок добиле повик од мистериозен глас кој побарал од нив да подарат подарок, кој ќе го добијат. Лицата биле замолени да го подарат подарокот кој ќе го добијат на личност по свој избор.

Како реагирале бирмингамчани на ова?

Тие го прифаќале предизвикот.

„Да се може да се подари малку среќа некому кој не сум го сретнал порано беше прекрасно чувство и она за што навистина е Божиќ“, изјавил еден од присутните кои учествувале во експериментот.