Хотел

Хотел "Макпетрол" објавува оглас за вработување... Работното искуство НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Оглас за вработување на определено иа 4 работници во хотелот „Макпетрол" во Маврово во време од 3 (три) месеци на работните места:

Собарка- 2

Кандидатите треба да ги имаат следниве услови:
- стекнато основно образование (II степен);
- со или без работно искуство

Дневното работно време: I- ва смена од 06:00 ч до 14:00 часот; II- ра смена од 14 часот до 22:00.
Основната плата за ова работно место изнесува 14. 880 денари.

Садоперка- 2 работници

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- стекнато основно образование (II степен);
- со или без работно искуство.

Дневното работно време за горенаведеното работно место се одвива во две смени и тоа: I- ва смена од 06:00 часот до 14:00 часот, II- ра смена од 14:00 часот до 22:00 часот.

Основната плата за горнаведеното работно место изнесува 14. 880 денари.

Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби. Заинтересираните кандидати треба да достават: Писмо за мотивација; Кратна биографија; Копија од диплома за завршено образование; Копија од уверение за положен правосуден испит; Копија од други стекнати дипломи и уверенија; Препорака од претходен работодавач; Уверение за неосудуваност. Потребните документи да се достават на адреса: „Макпетрол" А. Д.- Скопје Сектор за човечки ресурси ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4- Скопје лице за контакт: Сања Гермовска телефон за контакт: 02/3146491

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи. Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена. „МАКПЕТРОЛ" А. Д.- СКОПЈЕ