Градинката Монтесори ќе се грижи за принцот Џорџ

Градинката Монтесори ќе се грижи за принцот Џорџ

Подготвил: Тамара Гроздановски

Принцот Џорџ ќе започне да оди во градинка во Британија на почетокот на следната година, објавуваат кралските службеници.

 

montesori


Две годишниот син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт треба да започне Весткер Монтесори училиштето во источна Англија, во близина на нивниот дом во Анмер Хол.

Џорџ се очекува да започне да оди во градинка пред крајот на јануари.

„Се радуваме и му посакуваме топло добредојде на Џорџ во нашето училиште, кадешто ќе има прекрасно искуство како и сите деца во нашето училиште“, велат од училиштето.

Додека постарата генерација на британското кралско семејство не одело во градинка, Џорџ ги следи стапките на својот татко. Принцот Вилијам бил испратен во ексклузивно училиште во близина на палатата Кенгсингтон во Лондон од неговата мајка, покојната принцеза Дијана, која и самата работела во градинка пред нејзиниот брак со принцот Чарлс.

 

gradinka


Монтесори училиштата се познати по својот либерален пристап кон образованието, што вклучува училници со мешана возраст и охрабрување на децата да дејствуваат самостојно.