Оглас за вработување во Нептун

Оглас за вработување во Нептун



Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

Поради зголемениот обем на работа, распишува оглас за вработување на:
ВЕБ ДЕВЕЛОПЕР
Со место на вршење на работните задачи во Скопје, управна зграда – 1 позиција

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

    ССС/ВСС;
    Минимум 1 годинa работно искуство во струката;
    Напредни познавања и искуство во работа со: PHP, MySQL, JavaScript, HTML, CSS;  
    Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено);
    Докажано работно искуство во веб програмирање;
    Разбирање за начинот на работа на веб страните, вклучувајќи ја безбедноста, менаџмент на сесии и најдобрите девелоперски практики;
    Соодветно познавање на системски поврзани дата бази, објект-ориентирано програмирање и на развој на веб апликации;
    Силни вештини за дијагностика на проблеми и нивно креативно решавање;
    Силни организациски вештини за проценка на временски и буџетски ограничувања;
    Способност за успешно работење во средина која брзо се развива, способност за брзо учење и совладување на различни веб техники и технологии.

Одговорности и работни задачи:

    Пишување на добро дизајниран и ефикасен код, лесен за тестирање, преку употреба на најдобрите практики за развој на софтвер;
    Креирање на веб страни преку користење на стандардни HTML/CSS практики;
    Интегрирање на податоци од различни заднински сервиси и дата бази;
    Креирање и одржување на софтверска документација;
    Одржување, проширување и унапредување на компаниската веб страна;
    Соработка со графички дизајнери со цел дефинирање на визуелниот изглед на веб страната;
    Следење на нови технологии и индустриски трендови и нивно аплицирање во оперативните активности.

Што нудиме?


    Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
    Континуирана обука и можност за напредување;
    Работно време од 09:00 до 17:00 часот, од понеделник до петок;
    Неделното работно време е 40 часа.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за веб девелопер“.
Огласот е активен до 31.12.2015 година.

Правила за аплицирање:


    Кандидатот задолжително треба да испрати линкови од најмалку 2 динамички веб сајтови активни во моментот или линкови/примери од веб апликации кои се изработени од него/неа;
    Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот);
    Назнака на позицијата за која се аплицира;

    Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Напомена: На сите кандидати кои ги исполнуваат критериумите ќе им биде зададен тест за проверка на практичното знаењe.