Временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?

Временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?



Во Македонија во сабота ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди кои повеќе ќе ги има во централните и источните предели. Попладне во северозападните и западните предели со услови за слаби врнежи од дожд а на планините над 1500 метри со слаб снег. Дневните температури од 2 до 13 степени.

Во недела, понеделник и вторник ќе биде претежно сончево и потопло со пораст на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 3 до 16 степени.