Во Скопје ќе се гради нов универзитет, Мајка Тереза

Во Скопје ќе се гради нов универзитет, Мајка Тереза

Денеска премиерот Никола Груевски најави изградба на нов универзитет, Мајка Тереза. Градењето треба да започне догодина а ќе се гради во близина на касарната Илинден.




Предвидено е да има 14 студиски програми и тој да почне со работа од следната академска година. Студентите ќе можат да студираат на три јазици македонски, албански и англиски, бидејќи е предвидено да има професори но и студенти од странство.

- Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје. Ќе се вика „Мајка Тереза“, ќе биде на три јазици - на македонски, албански и на англиски и ќе има сериозна интернационална димензија, бидејќи ќе има професори и студенти и Македонци, и Албанци, но и странци. Можно е да има декани странци, можеби и ректор странец зашто законот тоа го дозволува. Универзитетот ќе биде нов квалитет во нашето високо образование, истакна Груевски.

Според Премиерот готов е и идејниот проект за новиот студентски дом наменет за студентите по медицина. На местото на стариот Невена Георгиева Дуња, до година е планирано да никне нов. Се очекува изградбата на уште два студентски дома, еден за студентите во Тетово и вториот во Скопје во близiна на спортскиот центар Борис Трајковски.