Педагог: Никогаш не сум забележала толкав антагонизам меѓу родителите и наставниците како денес

Педагог: Никогаш не сум забележала толкав антагонизам меѓу родителите и наставниците како денес

Подготвил: Тамара Гроздановски

Никогаш не сум забележала толкав антагонизам меѓу родителите и наставниците како денес. А и јас одев на училиште.

 

antagonizam


Се сеќавам дека за наставниците во семејството тогаш се зборуваше само со почитување. Во тоа време ние учениците имавме многу поголема почит кон нашите наставници. Денес родителите вината за неуспехот на децата го гледаат во наставниците, додека наставниците вината за однесувањето на учениците и отсуството од работа и културни навики го гледаат во нивните родители.

Често се случува родителите пред нивните деца лошо да зборуваат за наставниците и не е чудно учениците да не ги почитуваат своите наставници. Во последните три години, 15 пати бев сведок на родителска физичка агресија пред наставникот: или му рекол на детето нешто, или му го зел мобилниот телефон, или му пишал слаба оценка, заштитил друг ученик итн, итн.

Како детето ќе го почитува својот наставник? Како утре детето ќе го почитува овој родител? И каков човек ова дете ќе биде утре? Детето! Во сите тие расправии ние заборавивме на детето. Заборавивме дека најдобрите интереси на детето се постигнуваат само со заедничка работа на училиште и во семејството - родителите и наставниците.

Каква треба да биде соработката меѓу родителите и наставникот?

Соработката треба да биде од заемна корист, со цел да се постигнат најдобрите резултати кај секое дете. Основата на меѓусебната соработка е свеста. Родителите имаат најмногу информации за детето, што тоа сака, што не сака, како реагира, како ги усвојува новостите и слично. Наставникот има информации како тоа дете се однесува во колектив, како напредува во учењето, како ги извршува обврските и слично. Секоја информација која родителиот и наставникот ќе ја разменат, се користи за сфаќање и разбирање како и планирање на реакциите и едините и другите кон детето.

Формите на соработка меѓу наставниците и родителите може да биде индивидуална, контакт во писмена форма, групна и колективна. На наставниците овие облици на соработка им одат во прилог - тие секогаш треба да бидат достапни, додека родителите ретко го користат своето право на индивидуална и групна форма на сорабтока со наставникот, а некои избегнуваат и родителски средби.

Драги мои, сите сме на иста мисија и со иста цел - од нашата соработка зависи колку ќе успееме во реализирање на целта.

Пишува: педагог Даниела Ивановски / pedagogkacarevo.wordpress.com