Работилница за млади лидерки, Париз
„McKinsey & Company“ ги поканува сите студентки и професионалки низ Европа, Средниот исток и Северна Африка да бидат инспирирани за да направат разлика.
Се работи за работилница за млади лидерки кои сакаат да го извадат максимумот од себе, кои сакаат да решаваат проблеми и сакаат да работат со други луѓе. Компанијата ги покрива сите трошоци поврзани со настанот. Работилницата трае од 12 до 14 мај 2016 и се одржува во Париз.
Пријавувањето трае до 8 март 2016.
Официјален повик.