Вечерва во НовоЛото до три шанси за седумка!

Вечерва во НовоЛото до три шанси за седумка!

Вечерва во НовоЛото , на ТВ Сител во 20 часот ќе се оддржи извлекувањето на броевите од 104 коло за оваа 2015 година.



Новитет во ова празнично  коло е тоа што Државна лотарија на Македонија за прват ќе им овозможи на играчите на НовоЛото ДО ТРИ ШАНСИ ЗА СЕДУМКА, така што доколку во првото извлекување не биде постигната добивка со седум погодоци , ќе следуваат второ и трето извлекување, во кои во игра ќе бидат и сите претходно непостигнати категории на добивки .
Играчите на НовоЛото изминатите денови имаа шанса да се запознаат со шансата која им ја укажува Државна лотарија на Македонија во ова коло , преку заедничките дружби со тимот на Државна лотарија на Македонија како и со водителката на НовоЛото , Марјана Станојковска . 

Дружењата беа забавни , со многу заеднички фотографии , и сите со надеж дека вечерва во 20 часот , Македонија ќе го добие новиот НовоЛото Милионер. Поминавме прекрасни мигови во Capitol Mall, Ramstore Mall и Skopje City Mall , на среќните места со знакот на „Детелинка“.
За сите оние кои немаа можност да бидат дел од овие дружења , едно потсетување дека уплатата за ова коло трае  до 19 часот , па затоа не чекајте пронајдете го и вие вашето среќно место и уплатете ги вашите седум среќни броеви .

Кој знае, можеби Вие сте следниот НовоЛото милионер ?