Дали сте подготвени да станете астронаут?

Дали сте подготвени да станете астронаут?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали знаевте дека НАСА објави повик за нови астронаути? Дали сте подготвени да станете астронаут?НАСА објави кратка статија за знаците кои покажуваат дека сте подготвени да бидете астронаут. Најбитните работи се:

Не ви пречи да имате цимери


Кога сте астронаут, треба да работите и живеете со цимери подолг период. Важно е за мисијата и безбедноста секој да соработува и работи во група.

Ја обожавате вселената


Ако Млечниот пат, планетите и патувањето во вселената не ве возбудуваат, тогаш ова можеби не е работа за вас. Но, доколку сакате галаксии, вселенски истражувања и планети, треба да размислите за пријавување.

Авантурата не ве плаши


Да се биде астронаут значи да се биде дел од авантура која многумина нема да ја имаат. Ќе патувате во вселената и ќе ги поместувате границите поминати досега.

Ја сакате науката


Астронаутите одат во вселената за да спроведуваат интересни истражувања кои се важни за планетата. За да станете астронаут треба да бидете подготвени и за ова.

Не се плашите од височини


Една од најинтересните работи е тоа што ќе одите во вселената. Меѓународната вселенска станица се наоѓа на огромна височина над Земјата.

Подготвени сте да станете астронаут? Пријавете се ОВДЕ најдоцна до 18 февруари.