Новиот iPhone7 ќе го реши проблемот со кој се соочуваа сите корисници

Новиот iPhone7 ќе го реши проблемот со кој се соочуваа сите корисници

Подготвил: Тамара Гроздановски

Новиот iPhone 7 може конечно да го реши проблемот со кој се соочуваа сите корисници на претходните изданија на iPhone -  просечниот век на батеријата.

 

ајфон


Според новиот извештај од веб страната „MyDrivers“, моделот iPhone 7 Plus може да се карактеризира со 3.000 mAh батерија, значително зголемување од моделите iPhone 6s и 6s Plus кои доаѓаат со 1.715 mAh и 2.750 mAh батерии.

Иако ова е несомнено охрабрувачка вест, сепак важно е да се истакне дека поголемата батерија не секогаш значи дека нејзиниот животен век ќе биде подобар. Во целина, животниот век на батеријата може да биде под влијание на голем број фактори, а можно е поголемите батерии да бидат неопходни за хардвер на кој ќе му биде потребна поголема моќ.

 

ајфон


Сепак, доколку постои било какво навестување за вистината на оваа гласина, тоа укажува дека Apple конечно ги послуша жалбите на корисниците за животниот век на батериите на iPhone-от. И покрај опсесијата на Џони Ајв со потенките уреди, голем број корисници велат дека повеќе претпочитаат да имаат подебел уред и подобар животен век на батеријата, отколку слаб уред со уште полош животен век на батеријата.

Друга гласина во врска со iPhone 7 Plus е дека телефонот ќе биде достапен со 256 гигабајти опција за складирање, а дополнително на тоа кружи и гласината дека следната генерација на iPhone може да биде водоотпорна. Останува да чекаме и да видиме што од сето ова ќе биде вистина.