Нарушување на вниманието и концентрацијата кај детето - вистинска или лажна дијагноза?

Нарушување на вниманието и концентрацијата кај детето - вистинска или лажна дијагноза?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Денес, дијагнозите за нарушување на вниманието и концентрацијата (Attention deficit hyperactivity disorder - ADHD) се 30% почести во споредба со оние пред 20 години. Деновиве, доколку 2-годишно дете не може да седи мирно во градинка, може да ја добие оваа дијагноза и да започне да пие лекови.


Овој „тренд“ најмногу се забележува во САД. Димитри Кристакис е педагог кој смета дека сето ова е многу погрешно.

Во статија напишана за „Journal of the American Medical Association Pediatrics“, Кристакис пишува дека родителите, училиштата и докторите треба да започнат да размислуваат поинаку на оваа тема. Оваа дијагноза, според него, не им служи добро на децата.

Истражувачите моментално дебатираат за оваа здравствена состојба. Пронајдени се некои генетски показатели, но скорешниот раст во диганозите е премногу брз за да се објасни со промена во нашите гени. Освен тоа, моменталниот процес за дијагноза се основа на давање прашалник на родителите. Доколку се препознаат 6 од 9 однесувања, детето ја добива дијагнозата за недостаток на внимание поради хиперактивност.

Кристакис смета дека треба да размислуваме повеќе за спектарот на „капацитет за внимание“ кој се разликува од индивидуалец до индивидуалец и од ситуација до ситуација. Секое дете - секој човек - се соочува со проблеми со вниманието и фокусираноста понекогаш.

„Нашата работа е да го поттикнеме секое дете максимално да го искористи капацитетот за внимание“, вели Кристакис.