Апликацијата

Апликацијата "Мој Воздух" цел на хакерски напад

Апликацијата која ја користиме за мониторориња на загаденоста на воздухот, изминативе неколку дена била нападната со цел да се оневозможи нејзиното користење. Бидејќи апликацијата е направена од  Горјан, а Горјан е студент кој со сопствени средства ја развиваше апликацијата, за да продолжи истата да функционира како што треба, беше мигрирана на друг сервер кој нуди соодветна безбедност. Овие трошоци не се баш мали, па затоа Горјан има една молба до сите вас.


Здраво пријатели!

Сакам да ви се обратам за да објаснам што се случуваше во последните 5 дена.

Верувам дека после протестот во Скопје, МојВоздух стана неподнослив трн во нечие око. Ноќтта помеѓу 03.01 и 04.01, серверите на МојВоздух станаа цел на напад за оневозможување (DDoS). Од нормалните ~200.000 пристапувања на секој саат, нагло се накачија на повеќе од 9.000.000. Серверот успеа да се справи со многу мали проблеми, но умешно удрија по него знаејќи дека тоа значително ќе ја зголеми сметката која што ја плаќам месечно од мој џеб. Успешно го направија тоа, и доколку навремено не пиметив и реагирав, ќе се смеев со сметка од неколку стотици евра за само еден месец.

Работев напорно овие 4 дена да ги мигрирам податоците на сервери кои се специјално направени да спречат вакви напади, со дополнителна заштитна инфраструктура додаена над нив. Од сега можам да кажам дека, со можни мали застојки, МојВоздух е повторно активен во неговата стара форма
smile emoticon

За жал, овие денови претрпев големи трошоци за нападот, и префрлувањето на податоците на новите сервери. За дел од вас што не знаат, јас сум Горјан, студент кој стои зад МојВоздух. Не е фирма, ниту организација со буџет, туку студент кој сам ги плаќа сметките за овој проект кој навистина го сака и не планира да дозволи некој да го бутне и угаси така лесно.

Затоа пријатели мои, од се срце ве замолувам, заедно да истуркаме низ овој период. Доколку сте во можност, преку апликацијата, и линкот подоле, може да се донира за да може некако да ги покријам трошоците што ги сносив, и да дозволиме МојВоздух и понатаму да опстане информирајќи нè сите нам.

Линк за донации: http://bit.ly/MojVozduhDoniraj

- Ваш Горјан