Најевтините земји за студентите

Најевтините земји за студентите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Студенти, доколку размислувате да си ги спакувате куферите и да се преселите во некоја друга земја која ќе ви овозможи подобро образование и подобро вработување откако ќе дипломирате, погледнете го списокот на земји кои се најевтини за студентскиот џеб.

 

studiranje


Според испитувањата на компанијата „FAIRFX“, Норвешка е најдобрата земја за студирање. Годишните трошоци за студирање и живот изнесуваат 2.188 фунти, но треба да имате на ум дека станува збор за Универзитет кој се наоѓа на листата на 200 најдобри универзитети во целиот свет, според листата на „Times higher education“.

Русија се најде на второто место со годишни трошоци во износ од 4.450 фунти, а после неа следува Луксембург каде студентите треба да потрошат 4.739 фунти годишно.

Ова се топ 10-те универзитети за студентите (според годишната школарина и трошоците за живот, но и според рејтингот на листата на 200 најдобри универзитети во светот).

 

студирање


Ова ново истражување покажува дека трошоците на еден студент во Норвешка се на пример 10 пати помали од трошоците на студент во Велика Британија, земја која е една од најскапите за живот на студентите.

„FAIRFX“ исто така ја анализира и валутата и нивниот курс во текот на годината, според кој заклучиле во кои земји образованието е поевтино.

На врвот на поевтини земји се најде и Нов Зеланд, земја во која студентите трошат по 4.100 евра годишно и е поевтино отколку пред две години (20% намалување на цените). После неа следува Јапонија, па Шведска.

На дното на листата се најдоа земјите од Европската Унија во кои студирањето поскапи за 16%, вклучувајќи ги Германија и Италија.