Практични совети за студентите во странство

Практични совети за студентите во странство

Подготвил: Драгана Петрушевска

Преселбата надвор од земјата за студии е полна со предизвици, но ова не мора да биде стресно искуство. Сепак, ова е вистинска авантура и искуство кое ќе го помните цел живот. „Master studies“ нудат неколку совети за подобро студирање во странство. 


Трошете мудро и штедете

Парите најчесто се најголем фактор за стрес кај студентите во странство бидејќи студирањето во странство е скапо. Затоа, одделеете на искушенијата и не купувајте сè што ќе видите кога ќе стигнете, без разлика колку тие производи се интересни. Задржете се на основните потреби и зачувајте го трошењето за крајот. Потоа, живејте како локалните жители. Јадете локална грана и гответе си ја.


Патувајте

Сувенирите се одлични, но спомените се уште подобри. Користете ги парите кои сте ги зачувале за да патувате и да ја истражите земјата. Вашата камера ќе го зачува моментот поубаво отколку сувенирот.


Хранете се здраво на буџет

Веќе споменавме дека јадењето локална храна може да ви заштеди пари, но ќе ви помогне и да останете здрави. Бургерите и слатките можеби изгледаат како лесно решение, но не се здрави, ниту евтини.


Станете експерт за јавниот превоз


Возењето со такси е скапа верзија речиси секаде. Низ поголемите градови јавниот превоз се состои и од метро или трамвај, со што може да заштедите многу. Разгледајте ја опцијата и за изнајмување велосипед.


Подгответе се претходно

Сместувањето и патувањето се очигледни, но дали сте ги разгледале опциите за мобилен телефон? Лекови? Сите овие работи може да направат проблем доколку не се испланирани претходно. Треба да знаете што да очекувате.


Дружете се и забавувајте се!

Животот во друга земја може да биде шок, па дадете си време за да се навикнете, но не се кријте во собата. Запознајте се со другите студенти и цимерите. Пријавувајте се за екскурзии и разни активности на универзитетот. Излезете и изгубете се меѓу луѓето.