Оглас за вработување во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија
Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниотсектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/04, 199/14), a согласно член 22 и член 23 од Законот за работни односипречистен текст („Службен весник на Република Македонија" бр. 167/15), Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
бр. 1/2016 За потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, се објавува оглас за пополнување на работно место соработник за службен надзор и контрола во Одделение за државна инспекција на граничен премин за храна од неживотинско потекло, Сектор за инспекциски надзор, еден извршител, за период од една година.
Кандидати потребно е да ги исполнат следниве услови:
Висока стручна спрема VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС, од областа на медицински науки, наука за земјиштето и хидрологија или технологија на прехранбени производи, Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, Активно познавање на англиски јазик, Најмалку една година работно искуство во струката.
Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи:
Уверение/диплома за завршено соодветно образование, Уверение за државјанство, Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професија, дејност или должност, Потврда за работа со комјутери, Потврда за познавање на англиски јазик.
Јавииот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.
Работното време е од 8:30 до 16:30 часот од понеделник до петок, 40 часа неделно.
Основна нето плата е 22. 588 денари.
Вработувањето е на определено време од една година. Изборот на кандидат ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена од денот на завршување на јавниот оглас. Пријавите се доставуваат во затворен коверт со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2016" до Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, бул. Македонска Бригада бр. 20, 1000 Скопје, преку архива или пошта. Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите кои нема да ги содржат потребните документи, ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат. На интервју ќе бидат повикани само кандидати што ги исполнуваат условите.