Оглас за вработување во УГД... Отворени се повеќе работни места

Оглас за вработување во УГД... Отворени се повеќе работни места

Врз основа на член 54, 63, 64, 125, 131, 132, 134 и 135 од Законот за високото образование, член 3 став 1 од Законот за вработените во Јавниот сектор и член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ШТИП
Распишува
КОНКУРС
за избор на наставници на единиците во состав на Универзитетот

1. ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ
1. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Македонистика и Општа лингвистика 1 извршител за време од пет години

2. ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА
2. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Бизнис менаџмент и Применета економија(1 извршител) за време од пет години

2. 2 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Управување со системи и Маркетинг менаџмент 1 извршител за време од пет години

3. ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ
3. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Социологија на политиката(1 извршител) за време од пет години

3. 2 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Комуникации и мас медиуми(1 извршител за време од пет години

4. ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА
4. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Алгоритми и Вештачка интелигенција(1 извршител) за време од пет години

4. 2 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Математика и Методика( 1 извршител за време од пет години

4. 3 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Информатика и Програмски јазици и технологии(1 извршител) за време од пет години

4. 4 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Информатика и Информациони системи и програмирање(1 извршител) за време од пет години

4. 5 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Иеформатика и Процесирање на податоци(1 извршител) за време од пет години

5. ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ
5. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Историја на општа книжевност(1 извршител) за време од пет години

5. 2 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
Англистика(1 извршител) за време од пет години

Критериуми за избор:

За доцент може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, просечен уепех од најмалку осум на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, објавени најмалку четири научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или два научни труда во научно спиеание со импакт фактор во последните пет години, постигнувања во примената на истражувачките резултати и способност за изведување на одделни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип

-За вонреден професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, објавени најмалку пет научноистражувачкитрудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или три научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, учество во научноистражувачки проекти, односно значаЈни достигнувања во примената на научноистражувачките резултати, придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на разни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип

-За редовен професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира, објавени најмалку шест научноистражувачки трудови во соодветната областа во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или четири научни трудови во научно списание со импакт фактор во последните пет години, кое учествувало или раководело со научноистражувачки проект и кое има придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на сите видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

-Распоред на работно време и плата:
-Дневно работно време од 08:30 до 16:30h.
-Неделно работно време40 работни часа (од понеделник до петок)

-Основна нето плата за: Доцент 38.143, 00 ден. Вонреден професор 43.660,00 ден. Редовен професор 50.311,00 ден;


Потребни документи за кандидатите за избор во наставни и наставнонаучни звања:
-пријава;
-диплома за завршено соодветно образованиеза одбранет докторски труд (еден примерок од дипломата оригинал и три копии заверени кај нотар; странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените);
-Уверение за положени испити на прв и втор циклус на студии
-кратка биографија (во четири примероци);
-список на објавени научни и стручеи трудови
-по еден примерок од трудовите;
-потврда дека се служи со еден од светските јазици
-препорака од најмалку 2 (два) професора (вонреден/редовен) од соодветната научна област за која се врши изборотза кандидатите за избор во доцент
-препорака од претходниот работодавач (доколку кандидатот бил вработен)за кандидатите за избор во доцент
-еден примерок од докторскиот труд
-уверение за државјанство;
Конкурсот трае 5 работни дена од денот на објавувањето.

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавувањето на конкурсот).

Документите се доставуваат до архивата на:
1. Факултет за образовни наукиул. „Крсте Мисирков" бр. 10A, Штип тел. 032 550500;
2. Факултет за Туризам и бизнис логистикаул. „7ми Ноември" бб, Гевгелија; 032550350
3. Правен факултет ул. „Крсте Мисирков" бр. 10A, Штип тел. 032550450;
4. Факултет за информатикаул. Гоце Делчев бр. 89, Штип; тел 032 550100;
5. Филолошки факултетул. „Железничка" бб, Штип; тел. 032550180
Некомплетните документи нема да се разгледуваат