Временска прогноза: Од утре не` очекуваат вистински зимски денови

Временска прогноза: Од утре не` очекуваат вистински зимски денови



Во Македонија во петок ќе биде претежно облачно со услови за повремени сончеви периоди. Во западните предели ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на целата територија на Македонија. Над 1200 метри со врнежи од снег. Засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од -2 до 7 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 3 односно до 13 степени.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди но и со услови за слаб дожд во утринските и вечерните часови. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени а максималната дневна до 10 степени.

Од сабота промена на временската состојба, не очекуват зимски денови со температури кои ќе бидат многу пониски од просечните. Во сабота облачно со врнежи од дожд кои ќе преминуваат во снег попладне и навечер, над 400 метри врнежи од снег во текот на целиот ден. Дневните температури од -1 до 9 степени. Во недела облачно со врнежи од снег, студено и со засилен северен ветер. Дневните температури од -7 до 3 степени. Во понеделник, утрински температури од -11 до -3 степени, во текот на денот умерено облачно со провејување на слаб снег, а максималните до -9 односно до 1 степен. Многу студено во вторник, утрински температури од -15 до -7, а сончевото време ќе услови дневни температури од -10 до 0 степени.

Weather4all.com.mk