Корисни веб страни кои ќе ве направат пoпаметни

Корисни веб страни кои ќе ве направат пoпаметни

Подготвил: Тамара Гроздановски

Повеќето од нас поминуваат поголем дел од времето онлајн. Наместо да кликнувате на провокативни наслови и чудни стари трикови, зошто не би поминале време на страни кои ќе ве направат попаметни, подобри во бизнисот и попаметни во лидерството?

 

веб


Ви ги нудиме најдобрите веб страни за професионален и личен развој - учете како индивидуалец и поврзете се со вашиот тим.

1. Ted Talks - ТED говорите се видео колекција во форма на кратки, моќни говори на било која тема.

2. Brain Pickings - Оваа страна има интересни постови од музиката, науката, дизајнот, историјата и филозофијата.

3. 99U - На оваа страна ќе пронајдете постови за продуктивност, организација и лидерство кои ќе ви помогнат да ги реализирате вашите идеи.

4. Lynda - Веб страна со илјадници видео туторијали за технички, креативни и бизнис вештини создадени од индустриски експерти.

5. University of the people - Овој непрофитабилен бесплатен онлајн универзитет е посветен на вашето образование.

6. Learnist - Learnist е веб страна која споделува знаење кадешто самите корисници создаваат „табли за учење“ создадени од текст, слики, видео и аудио.

7. Alison - Alison нуди бесплатни онлајн курсеви за сетрификати и дипломи.

8. Mental Floss - Mental Floss го тестира вашето знаење преку квизови, загатки и игри.

9. Brain Pump - Страната ви нуди нешто ново и ја „храни“ вашата љубопитност преку голема библиотека од забавни видеа и теми од хемија па се` до физика и историја.

10. Peer 2 Peer University - Ова е отворен образовен проект во кој учениците се собираат во организациски кругови кои се среќаваат во јавни библиотеки и други пристапни страни.

11. Platzi - Platzi нуди курсеви во живо, воглавно бесплатни за било какви теми - од веб и апликациски развој па се` до онлајн маркетинг, интерфејс дизајн итн.

12. edX - Ова е колаборативен проект помеѓу Харвард Универзитетот и Институтот за технологија во Масачусетс кој овозможува бесплатни онлајн курсеви и часови од најдобрите универзитети и други институции.

13. OpenSesame - Ова е одлично место за онлајн тренинг за сите кои се ориентирани кон бизнисот.

14. Udacity - Овде можете да пронајдете бесплатни онлајн курсеви, рецензии за кодови итн.

15. Coursmos - Ова е платформа која нуди кратки видео лекции на разни теми.

16. Higbrow -
Highbrow ви овозможува да изберете еден курс и да добиете знаење секое утро. Кратките лекции ќе ги пронајдете секое утро во вашето сандаче.

17. Coursera - Coursera е платформа кадешто можете да посетувате бесплатни онлајн часови од различни универзитети, вклучувајќи ги Стенфорд, Јеил и Принстон како и други образовни организации.

18. University Webinars - На оваа страна експертите го споделуваат своето знаење преку курсеви и програми.

19. DataCamp - DataCamp е еден од најдобрите начини да научите R. Научете од удобноста на вашиот дом преку туторијали за сите предизвици кои ги носи кодирањето.

20. CreativeLive - Тука можете да посетувате бесплатни онлајн часови на кои предаваат најинспиративните инструктори во светот. Можете да изберете видео работилници на теми како фотографија, видео, дизајн, бизнис, аудио, музика, занаетчиство и софтвер тренинг.

21. Investopedia - Ова е одличен извор за инвестирање и образование за лични финансии, анализа на пазарот итн.

22. Gibbon - Gibbon е мрежа за учење кога ги поврзува корисниците кои сакаат да предаваат со корисници кои сакаат да научат било што.

23. BBC Languages -
BBC Languages овозможува бесплатно онлајн учење на јазикот преку курсеви, аудио, видео и игри.

24. Future Learn - Оваа страна нуди бесплатни курсеви на предмети како закон, психологија и предавање, а нуди партнерства со топ универзитети и специјални организации во Велика Британија.

25. MIT OpenCourseWare - Ова е отворена и пристапна веб публикација од цела содржина на MIT курсевите.

26. Project Gutenberg
- Дигитална библиотека со повеќе од 50.000 бесплатни е-книги кои можат да се читаат онлајн или да се преземат.

27. Quora - Quora ги нуди најдобрите одговори за било кое прашање.

28. Udemy - Онлајн образовно место со безброј можности: повеќе од 30.000 курсеви.

29. Skillshare - Ова е научна заедница за сите кои сакаат да создаваат. Секој може да посетува онлајн часови, да гледа видео лекции, да создава проекти, па дури и да предава на час.

30. Inc.com - Тука можете да пронајдете совети, вести, алатки и услуги за тоа како да порасне малиот бизнис. Се` што ќе прочитате на оваа страна ве прават попаметен лидер и претприемач.