Летна пракса на универзитетот

Летна пракса на универзитетот "Харвард" за странски студенти


Центарот за интернет и општество „Беркман“ при универзитетот „Харвард“ објавува повик за практиканти во текот на летото. Праксата започнува на 6 јуни, а завршува на 12 август.

Одбраните кандидати ќе бидат дел од истражувачки тимови кои работат во областа на интернетот и академските иновации. Праксата е наменета за студенти од било која дисциплина, кои студираат во или надвор од САД. Практикантите добиваат 11.50 долари за час, а најдобрите кандидати од областа на правото ќе добијат дополнителни грантови.

Пријавувањето трае до 12 февруари.

Официјален повик.