Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на оваа недела?

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на оваа недела?

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на мраз и голомразица поради ниските утрински температури. Претпладне постојат услови за провејување на слаб снег, а попладне ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди. Ќе дува силен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -10 до -1 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -7 односно до 2 степен.

СКОПЈЕ - Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -5 степени, а максималната дневна до -2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Ладниот бран што ја зафати Македонија својот максимум ќе го има во вторник и среда, кога не очекува претежно сончево и многу студено време. Во вторник минималните температури од -16 до -9, а максималните од -7 до 1, а во среда утринските температури од -18 до -11 а дневните од -6 до 2 степени. Од четврток се очекува благ пораст на температурите, па дневните ќе се движат од -4 до 4 степени, а во петок ќе се искачат на максимални -3 односно 5 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во вторник, среда и четврток поради ниските температури се очекува да има појава на мраз и голомразица во утринските и во вечерните часови, затоа бидете внимателни.

Weather4all.com.mk