Оглас за вработување во Меѓународното училиште НОВА
Рецепционист/Административен координатор
Меѓународното училиште НОВА објавува конкурс за позицијата рецепционист /административен
координатор во гимназијата. Потенцијалниот кандидат треба да биде организирана личност
подготвена за соработка и поддршка на нашата училишна зедница. Пожелно е кандидатот да има
искуство од работа со/во меѓународни организации и стекнати комуникациски и интерпесонални
вештини. Кандидатот мора да има одлично познавање од устен и писмен англиски јазик.
Работни задолженија:
- Комуникација и справување на дојдовни повици и барањa.
- Административна организација и комуникација.
- Класификација на разни административни форми и информации.
- Координирање и регулирање на училишни календари.
- Користење на училишниот софтвер (база на податоци).
- Надгледување на присутноста на вработените и учениците.
Потребни квалификации:
- Одлично познавање на устен и писмен англиски јазик.
- Високо образование, со акцент на технологија и менаџмент на луѓе.
- Пожелно е двегодишно искуство од канцелариска работа.
- Да биде запознаен со Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за заштита на
лични информации и Законот за архивски материјали.
Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски
(info@nova.edu.mk) следниве
документи: мотивациско писмо, резиме на англиски јазик и уверение за завршено образование.
Краен рок за поднесување на наведените документи е
28 јануари 2016. Избраните кандидати ќе
бидат известени и поканети на интервју.