Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Како да учите помалку, а да постигнете подобри резултати?

 

Почетокот на учење на нов материјал може да биде извор на фрустрација кога ќе сфатиме колку време ќе ни биде потребно за разбирање на одредена материја.

 

совети учење


Оваа метода на учење, која ја измисли професорот по психологија Марти Лобдел од Универзитетот Пирспомага да останеме фокусирани и да запомниме повеќе информации за пократок период.

Советите на Марти Лобдел се насочени кон тоа како подобро да учите, поточно како да ја задржите концентрацијата и да имате подобри резултати и како да останете фокусирани и да запомните повеќе информации во пократок временски период. Неговата метода во која се учи пократко, а повеќе, е нешто кое не смеете да го пропуштите.

1. Поделено учење

После 25 до 30 минути, нашата способност да запомниме информации се намалува, па времето во кое се учи треба да се подели во повеќе мали делови. Во паузите помеѓу учењето студентот самиот треба да се награди со забавни активности.

2. Местото на учење постојано треба да биде исто

Немојте да учите на места на кои правите други работи, предупредува Марти Лобдел, а тоа вклучува учење во кревет, во дневната соба итн. Местото на учење треба да биде фиксно и мирно.

3. Препознавањето и сеќавањето не се иста работа


Препознавањето подразбира некој клучен збор кој нам ни е важен за да се сетиме на одреден материјал, а тој можеби нема да се појави на испит. Поради тоа треба да бидете фокусирани на сеќавањето, а тоа се постигнува такашто ќе се испитате самите себеси, а не само преглед преку истакнатите или потцртаните поими, туку треба внимателно да се прочита.

4. Фаќајте белешки


Пронајдете метод за фаќање на белешки кој најмногу ќе ви одговара и ќе имате корист од него. Фаќајте белешки за време на предавањето, а кога ќе си одите дома, прочитајте ги белешките и за брзо време ќе го запомните материјалот.

5. Обидете се да го предавате она што го учите

Најдобриот испит кој можете да си го дадете себеси е да се обидете на некој друг да му го предавате она што го учите. Материјалот кој сте го научиле добро без проблем ќе им го пренесете на другите.

6. Ефикасно читајте книги

За ова ќе ви помогне SQ3R методата. Кратенката SQ3R значи: Survey (прегледување), Question (прашање), Read (читање), Review (повторување). Само читање не е доволно.

На крај, потребно е да го поделите материјалот во две категории: факти и концепти. Фактите можат да „исчезнат“ од главата, па е неопходно да се пронајде метода за да се научат. Концептите се пак лепило, односно она што ја држат целата работа заедно и даваат поширока слика, а тоа е најважно да се научи. Но, од друга страна, откако ќе ги усвоите концептите, тие засекогаш остануваат запомнети. Предавањето на професорот Марти Лобдел во целост можете да го погледнете на видеото.

 

 
Објавено на 19.01.2016 во категорија Образование
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Образование