Оглас за вработување во Вивакс
"Вивакс" фабриката за производство на природни овошни сокови ВИВА поради остварување на
своите развојни цели и концепции објавува оглас за вработување на амбициозни луѓе со
работно искуство за следната позиција:
АСИСТЕНТ НА МЕНАЏЕРСКИ ТИМ
Опис на работно место:
• Организирање и осмислување на работата на менаџерскиот тим со креирање на база на
податоци за состаноците и дневната агенда на обврските;
• Вршење деловна кореспонденција на македонски и англиски јазик и превод на истата од
англиски на македонски јазик и примените акти од англиски на македонски јазик
• Примање и воспоставување телефонски повици, прием и најава на посетители и клиенти
• Креирање на записници на деловни состаноци и средби
• Спроведува истражувања и составување извештаи за осознаените резултати;
• Организира состаноци и подготвува потребни документи за секој состанок
• Вршење на набавка на канцелариски материјал
• Архивира влезни и излезни фактури и пратечки документи (испратници, приемници, товарни
листови, царински декларации и слично)
• Административна поддршка на канцелариската администрација
• Вршење на други работи што ќе бидат доверени од членовите на менаџерскиот тим.
Потребни квалификации:
• Универзитетска диплома
• Минимум 1 година работно искуство на иста или слична позиција
• Одлично познавање на англиски јазик, усмена и писмена комуникација
• Работа на компјутер, MS Oce пакетот и интернет
Личен профил:
• Способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок
• Исполнителност и доверливост, самоиницијативност, чесност и лојалност
• Ефективна вербална и писмена комуникација
• Способност за тимска работа
• Организациски вештини.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV и мотивационо писмо на e-mail:
info@vivaks.com.mk со задолжителна назнака
“Асистент на менаџерски тим“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!