Меѓународното училиште НОВА вработува
Координатор за програмата КАС /Помош на заедницата
Меѓународнто училиште НОВА објавува конкурс за позицијата Координатор за КАС (дел од програмата за Меѓународна Матура )/Помош на заедницата. Бараме отворена личност која верува во холистичкиот пристап кон учењето, спремна да гради и одржува цврсти врски со учениците. Избраниот кандидат треба да покаже посветеност кон помагање на заедницата и желба да работи со и покрај идните лидери.
Работни задолженија:
• Создавање на програма за помош на заедницата (http://nova.edu.mk/service_learning.aspx)
• Спроведување на целите на програмата за помош на заедницата во согласност со училишната филозофија
• Организирање и советување на учениците за учеството и напредокот на програмата за помош на заедницата
• Организирање и следење на спроведувањето на активностите за помош на заедницата
• Промовирање на активностите за помош на задницата во училиштето и во пошироката заедница на владини и невладини организации и институции
Потребни квалификации:
• Завршени соодветни додипломски студии
• Пожелно е тригодишно искуство на иста или слична работна позиција
• Спремност да се поддржат ученици по работното време / теренска работа
• Одлично познавање на англиски и македонски јазик (писмен и устен)
Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски (info@nova.edu.mk) следниве документи: мотивациско писмо, резиме на англиски јазик и уверение за завршено образование. Краен рок за поднесување на наведените документи е 29 јануари, 2016. Oдбраните кандидати ќе бидат дополнително известени и повикани на интервју.