Оглас за вработување во Народната банка на Република Македонија

Оглас за вработување во Народната банка на Република Македонија

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, a согласно со членовите 14 став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1, 56 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1, 27 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува
O Г Л A C
за вработување на 3 извршители во Дирекцијата за информациска технологија во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време

1. Двајца извршители на работно место помлад систем инженер во Отсекот за поддршка на платните системи во Дирекцијата за информациска технологија.
2. Еден извршител на работно место помлад систем инженер во Отсекот за ИТ инфраструктура во Дирекцијата за информациска технологија.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: завршено високо образование од областа на техничко технолошките или информатичките науки, познавање на платниот промет во земјата, познавање на ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP LAN и WAN технологии, Cisco IOS, рутирање (routing), switching, VPNи и заштитни ѕидови (firewalls), SAN технологии и RAID архитектури, системи за управување со бази на податоци (Oracle и Microsoft SQL Server), PKI инфраструктура, SWIFT архитектура и инфраструктура, корисничко познавање на Microsoft
Office (Word, Excel, PowerPoint, Access), одлично познавање на англиски јазик и да бидат со или без работен стаж.

Кандидатите ќе бидат тестирани за познавањето на ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP LAN и WAN технологии, Cisco IOS, рутирање (routing), switching, VPNи и заштитни ѕидови (firewalls), SAN технологии и RAID архитектури, системи за управување со бази на податоци (Oracle и Microsoft SQL Server), PKI инфраструктура, SWIFT архитектура и инфраструктура, корисничко познавање на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint, Access).

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите од точка 2 на овој оглас треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: завршено високо образование од областа на информатички науки, познавање на кориснички оперативни системи (MS Windows), серверски оперативни системи (MS Windows Server), мрежно поврзување (TCP/IP, Cisco IOS, firewall, IDS/IPS, switch, LAN, WAN, софтверски алатки за канцелариско работење (MS Office), познавање на англиски јазик и да бидат со или без работен стаж.

Кандидатите ќе бидат тестирани за познавањето на кориснички оперативни системи (MS Windows), серверски оперативни системи (MS Windows Server), мрежно поврзување (TCP/IP, Cisco IOS, firewall, IDS/IPS, switch, LAN, WAN, софтверски алатки за канцелариско работење (MS Office).

3. Кандидатите од точките 1 и 2 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение како доказ за завршеното високо образование, доказ за познавање на англиски јазик и доказ за работен стаж (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.

4. Работното време на работните места од точка 1 и 2 ќе се извршува непрекинато во 2 смени и тоа прва смена која започнува од 7, 30 часот и завршува во 15, 30 часот и втора смена која започнува во 13, 00 часот и завршува во 21, 00 часот.

5. Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 и 2 на овој оглас, a кој има работен стаж ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.
Висината на основната (нето) плата на работниците ќе изнесува 19. 609, 00 денари.

6. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

7. Изборот на работници кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

8. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

9. Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.
Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија,
Бул. Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 - Скопје.
Народна банка на Република Македонија