Учествувајте на глобален младински форум во Њујорк

Учествувајте на глобален младински форум во Њујорк


Напишете оригинален есеј од најмногу 2.000 зборови на тема за глобалното и културно разбирање и улогата на јазиците во тоа.

Есеите треба да бидат напишани на официјален јазик на Обединетите нации кој не е ваш мајчин јазик: арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански. 60 студенти ќе бидат одбрани како делегати за учество на младински форум од 25 до 31 јули годинава во Њујорк. Кандидатите треба да се студенти постари од 18 години.

Конкурсот трае до 31 март.

Официјален повик.