Денешните студенти имаат нереалистични очекувања

Денешните студенти имаат нереалистични очекувања

Подготвил: Тамара Гроздановски

студенти

 

Стапките на посетеност на предавањата се намалуваат, а студентите се` повеќе и повеќе се одлучуваат да се потпрат на белешките објавени на интернет од страна на нивните професори.


Д-р Грег Фолеј, помошник декан за настава и учење на Универзитетот во Даблин вели дека студентите денес имаат нерелани очекувања за нивото на работа кое е потребно да го покажат на факултет.

Ова особено е отежнато од „културата на паметни телефони во која живеат, а која им го одвлекува вниманието“, вели тој.

Голем дел од академскиот кадар се критички настроени од растечката зависност во која студентите се потпираат на материјали објавени на интернет од страна на нивните професори.

„Ова доведе до зголемување на отпорот од страна на студентите да учат или да прочитаат нешто надвор од предвиденото од нивниот професор“, вели Фолеј.

„Предметот кој го учат на факултет станува онлајн белешка и ништо повеќе“, додава тој.

„Влегуваме во една парадоксална ситуација кадешто образованието е доминирано од дискусиите за решавање на проблеми, критично и креативно размислување, вештини за 21-от век и слично. Сепак, се` повеќе усвојуваме (можеби од страв) наставни методи кои всушност ги обесхрабруваат студентите да бидат независни во учењето“, вели Фолеј.

Додека Д-р Фолеј рече дека истражувањата за студентите покажаа високо ниво на задоволство од настапот на нивните професори во високото образование, тој додава дека е јасно дека квалитетот на наставата и учењето е под влијание на бавно пропаѓање. Тој вели дека голем дел од професорите на предавање предавале и повеќе од доволно што станале здодевни и започнале да работат со помалку од 100% од нивната способност.