Колку трае процесот на интервјуирање во големите технолошки компании?

Колку трае процесот на интервјуирање во големите технолошки компании?

Подготвил: Тамара Гроздановски

kompanii

 

Рекорден број од 78% на менаџери за вработување очекуваат повеќе вработувања во првата половина на 2016 година, во споредба со втората половина на 2015 година, според истражувањата на страната за кариери „Dice“. Тоа значи дека постојат голем број работни места кои ќе им овозможат работа и кариера на кандидатите за работа од најниско, до највисоко ниво.


„CareerBuilder“ известува дека над 100 професии во Америка моментално имаат повеќе огласи за работа отколку вистински вработувања. Во комбинација, овие два фактори го прават ова време одлично за потрага по работа.

За жал, дури и ова ниво на побарувачка на работници не го скратува периодот на интервјуа низ кои поминува квалификуван кандидат. За оние кои сега бараат работа, треба да знаат дека просечниот процес на интервју сега трае околу 23 дена, за разлика од пред 4 години, кога траеше 13 дена.

Но, зошто процесот е толку долг? Истражувањето на „Glassdoor“ покажува дека локацијата, големината на компанијата и поригорозните скрининг процеси се фактор за должината на времето што е потребно да се добие понудата. Технолошките професии, кои се меѓу најбараните за оваа година, ќе се соочат со уште подолги процеси од очекуваното (35 дена). Девелоперите на апликации и инженерите на производи се исто така кандидати кои ќе се соочуваат со тежок процес на интервјуа кој трае до 28 дена.

 

kiompanii


Исцрпувачки е тоа колку време треба да помине еден кандидат и постојано да биде достапен за потенцијалниот работодавец, меѓутоа се чини дека работите одат на полошо. Истражувачите од GetVolP“, направи анализа на процесот на вработување за позиција софтверски инженер во 13 популарни технолошки компании кои имаат најмалку 100 рецензии на „Glassdoor“ за да ги идентификува трендовите во целокупното искуство. Компаниите вклучени во истражувањето се:

„IBM“
„Intel“
„Cisco“
„Microsoft“
„Facebook“
„Google“
„Apple“
„Yelp“
„Yahoo“
„Uber“
„LinkedIn“
„Amazon“
„Twitter“


„Ставивме најголем акцент врз интервјуата објавено во последниве две години (2014-2015), иако сфативме дека интервјуата можеа да бидат спроведени порано и постирани подоцна“, вели Алекс Хеинз од „GetVolP“.  Тој исто така истакна дека компаниите како „HP“, „Samsung“ или „Dell“ можеа да бидат вклучени во истражувањето, меѓутоа, како што вели тој, немаше доволно информации за нивниот процес на вработување.

Се` на се`, анализата откри различни трендови од искуството на кандидатите за работа. На пример, 7 од 13 компании го започнале процесот со скрининг повик, додека „IBM“, „Cisco“ и „Yahoo“ иницирале телефонско интервју. Само „Twitter“ и „Amazon“ барале кандидатот да направи онлајн проценка пред да започнат со телефонскиот разговор. Во случајот на „Amazon“, првичниот онлајн тест бил проследен со уште едно онлајн оценување. Секоја компанија го чува интервјуто во живо за последно - откако ќе бидат завршени проценките и телефонскиот повик. Само „Yelp“ правеше интервјуа на „Skype“.

Сето ова телефонирање и тестирање трае околу две недели или еден месец во овие компании, такашто очигледно е да излезат негативни повратни информации од кандидатите. Меѓутоа, изненадувачки, истражувањата покажаа дека овие процеси воопшто не влијаеле врз искуството на кандидатите. „Додека „Cisco“, „Yahoo“ и „Uber“ имаа најкраток процес на интервју од околу 2 недели, само кандидатите од „Cisco“ имаа позитивно искуство за време на интервјуто“, вели Рубен Јонатан, основач на „GetVolP“.

Слично на тоа, лесните процеси на интервју не секогаш се претвораат во позитивно искуство, а поголемиот предизвик не секогаш води до незадоволни рецензии.

 

3


Истражувањето покажа дека процесот на интервју во „Twitter“ умерен (3.1/5.0), меѓутоа огромен број на испитаници (42%) имале негативно искуство. Спротивно на тоа, „Google“ имаше најтежок процес (3.4/5.0) меѓутоа само 15% од луѓето изјавиле дека имале негативно искуство, а 56% од луѓето изјавиле дека имаат позитивно искуство.

И покрај тоа што летово „Amazon“ се соочи со доста критики за нивната корпоративна култура, 49% од оние кои отишле на интервју во оваа компанија велат дека имале позитивно искуство, додека само 15% негативно, додека останатите биле воздржани, иако процесот на интервјуирање беше оценет како еден од најтешките. „Uber“ имаше слични резултати (51% позитивно искуство) иако компанијата и лидерството неодамна беа критикувани. „IBM“ постигна високи оценки - 69% од кандидатите имаа позитивно искуство, додека само 5% од кандидатите имаа негативно.

Компанијата која привлече најмногу негативни повратни информации беше „Twitter“ со 46%. После неа се „Apple“ и „Uber“ со по 26%.

 

3


Јонатан признава дека податоците се специфични за софтверските инженери, меѓутоа тие сепак се добар показател за тоа колку е различен процесот на вработување во различните индустрии денес.

„Денес постојат голем број „рунди“ на телефонски/Скајп интервјуа и тест проекти дури и пред да се квалификувате за интервју во живо“, вели Јонатан.