Елена во Еден на Еден - Семејни причини ме спречија да се посветам на кариерата

Елена во Еден на Еден - Семејни причини ме спречија да се посветам на кариерата

Mакедонската преставничка на “Мис на Светот”, Емилија Розман и познатата пејачка Елена Ристеска го разубавеа студиото на шоуто Еден на Еден оваа сабота. Како секогаш, Жаре успеа да направи совршен микс од забава и сериозни муабети со гостите, па така, покрај делот во кој Елена ја имитираше Есма на хелиум, а Емилија Розман откри што тоа мисиците навистина мислат кога ги кажуваат желбите, Жаре успеа да извлече и повеќе сериозни муабети кои ќе го задржат цврсто вашето внимание пред екраните.