Меѓународна научна конференција во Баку, Азербејџан

Меѓународна научна конференција во Баку, Азербејџан


Универзитетот „Qafqaz“ организира меѓународна научна конференција за млади истражувачи од 29 до 30 април годинава во Баку, Азербејџан. Конференцијата е наменета за млади истражувачи заинтересирани за различни области од науката.

Кандидатите треба да приложат делови од трудови во областите: инженерство, природни науки, економија, филологија, историја или право. Конференцијата е бесплатна и ќе биде обезбедена храната за време на истата, но кандидатите се одговорни за сместувањето и превозот дотаму.

Пријавувањето трае до 29 февруари.

Официјален повик.